На 07.06.2009 година во 02,05 ч. по телефон  К. Т.(27) од Охрид  пријавил дека над него било извршено разбојништво од страна на две непознати  лица.

Полицијата соопшти дека lоткако пријавителот го паркирал ПМВ „Мерцедес“ со охридски регистерски таблички и  излегол од истото, од страна на   две непознати  лица бил нападнат  со удари со тупаници и клоци. Едниот од напаѓачите притоа  откако му  вперил пиштол и  се  заканил  дека ќе пука, насилно му го одзел несесерот-ташниче  за на појас, во кој имало 58.000 денари,  клучеви и  кредитна картичка.   К.Т. веднаш  почнал да трча по напаѓачите и кога  ги стасал и  едниот од нив го фатил  за  нога,  од страна на  другиот напаѓач бил удрен со   дрво,  по што и двете лица побегнале во непознат правец. На  К.Т.  во МЦ – Охрид му е укажана лекарска помош, каде е  констатирано дека се здобил со телесни повреди (набиеници на глава, долна вилица, во пределот на тилот и на лева слабина). Увид на  местото на настанот е  извршен од страна на  екипа од СВР-Охрид, при што се пронајдени  и земени  за вештачење пластичен пиштол и дрво – кол. Во тек се мерки  за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот, информираше МВР.

Ohridnews