Според пријавителката, непознато лице, околу 22 часот и 45 минути затропало на вратата од семејната куќа претставувајќи и се како нејзин комшија. Одкако таа поверувала и ја отворила вратата, непознатото лице маскирано со капа на главата и нараквици на рацете насилно влегло во домот и барајќи пари ја удирал Ц.З. со тупаници по телото. Во еден момент нападнатата успеала да му избега на напаѓачот и настанот го пријавила во полиција.
По извршен криминалистичко-технички увид на лице место и со брза и енергична акција на полициските службеници од ПС Кичево, пронајдено и приведено е лицето Б.С. роден 1990 година во Кичево за кое постои основано сомнение дека е сторител на кривично дело (к.д.) Разбојништво.
По наредба на Истражен судија при Основниот суд во Кичево, извршен е претрес во домот на истото лице каде се пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека се користени во извршувањето на кривичното дело. Од страна на СВР Охрид И ПС Кичево се преземаат понатамошни интензивни мерки за расветлување и расчистување на случајот по што ке биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид