Вчера наутро (24.8) околу 6 часот и 30 минути, двајца непознати сторители за неполна минута успеале да го ограбат дуќанот на фирмата Фото Рекс во охридската чаршија. Двајцата крадци, со помош на хебла, незабележани од никого (освен од видео-надзорот), ја обиле влезната врата на дуќанот и „собрале“ од излогот видео-камери, апарати и друга стока во вредност од неколку илјади евра.
Се приближува кон излогот
Доаѓа и „колегата“
Вади хебла и обива
За 30 секунди го „мете“ излогот
Се претпоставува дека крадците не се од Охрид, па затоа сопствениците на дуќанот нудат награда од 100 (сто) евра за РЕЛЕВАНТНА И КОРИСНА информација која би помогнала во фаќање на сторителите. Информации во дуќанот на Фото Рекс – охридска чаршија.
Get the Flash Player to see this player.
С. Костоски