Вчера околу 14,00 часот во полициската станица во Охрид, М.С. од Охрид пријавил дека ноќта помеѓу 8 и 9 јуни година, во с.Волино, непознат сторител влегол во куќата на неговата мајка Т.С.(88) и физички ја нападнал, барајќи и пари, а откако не пронашол ништо, се оддалечил во непознат правец.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот, соопшти МВР.

Ohridnews