Еден разбојник во Италија се обидел да ја ограби четрикратната државна првенка во карате Лаура Лиота (29). На улица во Рим и се доближил и побарал цигара. Кога таа му рекла дека не пуши тој ја нападнал и ја фатил за вратот.

Но Лиота го искористила својот црн појас и го соборила мажот со само два брзи удари во главата. После тоа веднаш повикала полиција која веднаш го уапсила разбојникот.


Лаура рекла дека најмногу ја загрижува тоа што никој од минувачите не и притрчал на помош иако улицата била полна со минувачи.