Разбојник кој сакал да ограби банка во Сиднеј, Австралија, мислел дека совршено се маскирал во жена, облекувајќи фустан, чорапи, женски чевли и перика. Но заборавил една ситница, да се избриче.


Ги врзал тројцата вработени во банката и избегал со парите. На полицијата не и било тешко да го препознае во женска облека и со неизбричена брада.

„Тоа беше единствената личност во женска облека а јасно се гледаше дека е машко.“ – рекол полицискиот инспектор.