Разбојник од Сицилија буквално немал добар нос за грабежот што го испланирал, бидејќи неговиот голем нос го издал пред сведоците од грабежот.

Росарио Перуџи (49), врз основ на големиот нос е идентификуван како сторител на грабежот при крајот на март во банката Церди во Палермо.


Разбојникот влегол во банката со глават покриена со волнена капа, го вперил пиштолот во вработените и ги натерал да му дадат 10.000 евра. Перуџи пред неколку години бил казнуван за грабеж.

Полицијата за време на истрагата ги повикала сведоците и им покажала фотографии од крадци кои биле осудувани за криминални дела. Сите сведоци го препознале Перуџи покажувајќи на неговиот голем нос.