Во организирана акција на СВР Охрид изминатиот викенд , во такси моторно возило со охридски регистарски таблички, во кое се наоѓале четворица патници, пронајдени се две помали најлонски пакувања со опојна дрога – „марихуана“.

Истите,  се приведени а лицето Р.П. роден 1987 година од Охрид  е лишено од слобода. За време на акцијата, кај лицето П.К. роден 1985 година од Охрид кој заедно со друго лице се превезувал на моторцикл, завиткана во хартија, пронајдена е опојна дрога „марихуана“. При обидот таа да биде одземена, П.К. им се спротивставил на инспекторите по што бил приведен во полициска станица.

По претходно добиени наредби од охридскиот основен суд, извршени се  претреси кај лицата Б.П. роден 1987 година и Г.П. роден 1989 година, двајцата од Охрид. Кај нив, пронајдени и одземени се 42 семки од растението „Канабис сатива“ помала количина „марихуана“ и една алуминиумска паковка со траги од опојна дрога „хероин“. Извршените претреси кај лицата С.А. од с.Лескоец и З.Г. од Охрид, резултираа со пронаоѓање на гасен пиштол марка „Екол“ мобилни телефони но и други предмети, без соодветна документација за поседување.

По извршените дополнителни проверки, против лицата ке бидат поднесени соодветни пријави, соопшти СВР Охрид.

Ohridnews