Индиската музичка легенда, хуманист и филозоф Рави Шанкар е годинешен добитник на наградата за хуманизам што ја доделуваат Охридската академија на хуманизмот и Универзитетот за аудиовизулени уметности ЕСРА. Оваа одлука беше официјално соопштена денеска, во рамките на манифестацијата Водици, а наградата се очекува да биде доделена во август кога се одбележува Денот на Свети Климент и Пантелејмон, познат како Свети Климент – летен.
Годинешниот добитник ќе биде прогласен и за почесен доктор на универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз – Скопје – Њујорк.
Наградата за хуманизам се доделува од 2007 година на врни личности од светската уметност, според традицијата на Свети Климент Охридски – основоположникот на првата Средновековна школа за хуманизам во Европа.
Прв добитник беше јапонскиот филозоф Даисаку Икеда. Во 2008 година наградата ја доби португалецот Мануел де Оливеира, а лани, наградата му припадна на рускиот писател и нобеловец Александар Солженицин.
Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура и туризам доби 31 милион де...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2025 година, во споредба со декември 2024 година, е зголемен за 02 % Споредено по групи на...
На свеченост што денес се одржа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше врачена наградата за најдобра поема на лауреатот Андреј Ал-Асади за поемата “Никогаш пред ил’ потем” под шифра “Хидаспе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.