Напаѓачот на Шалке 04 Раул Гонзалес одигра уште еден историски натпревар за себе но и за својата екипа Лигата на Шапионите, а впрочем многу му помохна на својот тим да се пласира во 1/2 финалето од Лигата на Шампионите односно да го елиминираат тимот на Интер.


Шпанецот го постигна првиот гол, а беше асистент на вториот со што директно влијаеше на елиминацијата на Интер. “Докажавме дека во фудбалот ништо не е невозможно. Зошто да не го елиминираме и Манчестер Јунајтед ? Моја голема желба е в финалето да играме против екипата на Реал Мадрид “ изјавил Раул.

Шпанскиот интернационалец заедно со своите колеги од екипата доцна во ноќта заедно со навивачите на Шалке ја прославувале победата и пласманот во 1/2 финалето и ветиле дека ќе ги радуваат и понатаму своите навивачи.

Видео : Европскиот првак Интер симнат од тронот

Ohridnews