Шпанските медиуми ја пренесуваат информацијата оти иконата на Реал Мадрид, Раул ќе го напушти Реал Мадрид и ќе се пресели во бундеслигашот Шалке 04.


Оди во Шалке !?

Раул со германскиот тим ќе потпише двегодишен договор за 4 милиони евра по сезона. Преставникот на Шалке Рони Геш се сретнал со Раул во петокот во Менорка, каде славниот фудбалер е на одмор со фамилијата.

Раул за Реал одигра 16 сезони во кои одигра 550 натпревари , постигнувајќи 228 гола.