Раул Гонзалес Бланко го направил првиот чекор кон враќање во матичниот клуб Атлетико Мадрид пишува шпанскиот весникот Ел Мундо Депортиво.


Раул кој сезонава е повеќе на клупата отколку на теренот се понудил на првите луѓе на Атлетико  да се врати на Висенте Калдерон. И покрај тоа што првите луѓе на Реал Мадрид глумат изненадување од ваквата информација , шпекулациите одат дотаму што велат дека Раул ќе биде жртва за во тимот да пристигне Серхио Агуеро.

Ваквиот развој на настаните е донекаде очекуван ако се знае нетрпеливоста на Флорентино Перез со фудбалските икони на “лос бланкос“. При првиот престој на чело на Реал, Перез го елиминираше долгогодишниот капитен на Реал и Шпанија, Фернадо Јеро.

М.П.