Првиот натпревар во Лигата на Шампиони во новата 2016 година македонскиот првак Вардар ќе го одигра во Германија против составот на Рајн Некар Ловен.


Германците имаат бод предност на табелата пред „црвено црните“ кои има одличен почеток на групната фаза во ЛШ.

– Нормално е кога играте 10 натпревари во 15 дена да бидете уморни, тоа го очекував. Сега важно е да собереме сили и да одиграме сто посто против Рајн-Некар и потоа имаме повеќе слободни денови. Мора да се фокусираме на овој натпревар и мислам дека можеме да одиграме добро и да оствариме добар резултат. Сепак, ти можеш да играш добро и повторно да биде тешко. И на Рајн-Некар му требаат победи, ако сакате нешто да направите во Лигата на шампионите мора да победувате дома и затоа ќе биде тешко, ама мислам ќе имаме шанси. – рече Раул Гонзалес Гутиерез.

По овој меч „црвено црните“ ќе имаат пауза десет дена, а потоа ќе ги одмерат силите со Кристијанштад.

OhridNews