Македонскиот ракометен првак, Вардар со меч во гости против норвешкиот Кристијанштад ќе ги започне новите возбудувањата во Лигата на Шампиони.


Првиот ривал на „црвено црните“ во групната фаза од ЛШ која го има истиот формат од минатата година е познат бидејќи ланската сезона беа сместени во иста група. „Вардарци“ минатата сезона славеа два пати, но составот од Норвешка претрпе некои играчки промени по одбаната на титулата во националниот шампионат.

– Кристијанштад има нови играчи, но треба да го почитуваме нивнот квалитет. Јас сакам да играме како на 2-3 натпревари во Скопје во СЕХА лигата. Ќе се обидеме да играме побрзо. Вардар сега има нови играчи, а лани требаше да менуваме 2-3 играчи во напад и одбрана. – рече шпанскиот стручњак Раул Гонзалес Гутиерез.

Вардар, ракометните експерти го сврстуваат во потесниот круг на екипи кои ќе се борат за четирите места на завршниот турнир во Келн.

– Има многу екипи со шанси да бидат победници, не само во групата туку и на Ф4. Ние сме во група со Кјелце, кој е Европски првак и нормално е дека тие би требало да бидат фаворити. Кога некој зборува поинаку, тогаш тој нема почит кон Кјелце. Се уште е рано да се зборува за тоа, ќе одиме меч по меч, чекор по черко бидејќи така е најсигурно. – заврши стратегот на Вардар.

Мечот во Норвешка ракометарите на Вардар го играат в недела со почеток во 16 и 15 часот.

OhridNews