„Црвено црните“ на гостувањето во Франкфурт го претрпеа петтиот пораз во Лигата на Шампиони губејќи од Рајн Некар Ловен со минимални 28-27.
Вардар можеше со бод или два да замине од Германија, но бледиот финиш ги остави македонските ракометари со празни раце.
– Заслуживме бод сигурно, а можевме да заминеме и со два, но имавме големи осцилации во играта. Напоменав и претходно многу тешко е да се игра на гостински терен во ЛШ. Имавме игра, имавме резултат, но за жал на крајот изгубивме. Немаме време за тага бидејќи мора да се фокусираме на останатите предизвици кои следуваат. – рече Раул Гонзалес Гутиерез.
„Вардарци“ имаат десет дена пауза, а потоа ќе ги очекува дуел со Кристијанштад во Јане Сандански во 12-та рунда од ЛШ.
ЛШ: Тесен пораз на Вардар од Рајн Некар Ловен
OhridNews