„Црвено црните“ со 26-20 го совладаа Металург во македонското ракометно „Ел класико“ кое се одигра во регионалната СЕХА лига.


Клучот во триумфот на Вардар според шпанскиот стручњак Рау Гонзалес Гутиерез е Петар Ангелов, кој брилираше меѓу стативите.

– Нашиот чувар на мрежата беше вистински предводник на екипата во текот на целиот натпревар. Со неговите одбрани во првиот дел направивме предност, која ја зачувавме од крајот на мечот. Подолгата клупа ми даде шанса за чести измени и одмор за оние стандардни првотимци кои го носат товарот сезонава – потенцираше тренерот на Вардар.

Мх.П.