Британската полиција, утрово, спроведува рација во Бирмингем, како дела од истрагата за вчерашниот терористички напад во Лондон, во кој беа убиени пет лица, а 40 се ранети. Полицајците извршиле претрес во една куќа и уапсила неколку лица, а иако улиците се отворени за сообраќај, во тој дел од градот сеуште се присутни голем број на полицајци. Акцијата во Бирмингем, британската полиција сеуште не ја коментира со образложение дека не се подготвени да зборуваат поради „оперативни причини“.

Во вчерашниот напад, во близина на британскиот парламент и на мостот Вестминстер во центарот на Лондон, убиени беа пет, а ранети 40 лица. Полицијата не го соопшти името на напаѓачот, меѓутоа шефот на службата за борба против тероризмот Марк Роули рекол дека полицијата знае кој е тој и дека нападот кој го извел е поттикнат од „исламскиот тероризам“. Иако полицијата не го соопшти името на напаѓачот, медиумите објавија дека се работи за Абу Изадин Тревор Брукс, проповедник од Хекни, кој бил познат по ширењето на омраза. Тој им бил познат на безбедносните служби поради поврзаноста со тероризмот.

Меѓутоа продуцентот на телевизијата АБЦ, изјави дека разговарал со адвокатот на Изадин, кој наводно му потврдил дека тој не можел да биде напаѓачот бидејќи се наоѓа во затвор.

Терористичкиот напад е главна вест во сите британски печатени и електронски медиуми, а на најголем дел од насловните страници се наоѓа сликата на која вооружен полицаец ја држи пушката вперена во ранетиот напаѓач, додека со десната нога стои на ножот со кој е извршен нападот. „Напад на Вестминстер“, „Терор во срцето на моќта“, Напад врз демократијата“, се само дел од насловите во британските медиуми.

OhridNews
извор Макфакс