Белите влакна може да се обојат, брчките – може да се сокријат, вратот може да се покрие, но рацете не може да се подмладат. Ново истражување на британскиот козметички бренд Трансфурлас открива дека три четвртини од жените за најголем издајник на годините ги сметаат токму рацете.
Дури 80% од нив признаваат дека ќе забележат колку старо изгледаат рацете на некоја друга жена кога ја запознаваат или ќе ја видат. Рацете така станаа број 1 кој ги загрижува припадничките на понежниот пол, и тоа многу повеќе од белите влакна и брчките. Речиси половина жени (42%) изјавиле дека рацете почнале да им стареат во 34-та година, а 33% се плашеле како ќе им изгледаат фотографиите од венчавката поради малите недостатоци на рацете. И покрај сето тоа, рацете и понатака ги негуваат помалку отколку остатокот од телото.
-Иако нашите раце се најмногу изложени на погледите на другите, жените не размислуваат премногу за нивниот изглед се додека не биде доцна. Повеќе сме концентрирани на лицето и косата, а нашите раце многу брзо покажуваат знаци на стареење поради недостатокот на природни масла во нив и изложеноста на надворешните услови – раскажува Росалинд Чепман.
извор:24sata.hr