„Раце во оган“ е насловот на четвртиот по ред сингл на деветнаесетгодишниот Боби Мојсоски кој деновиве ја доживува својата промоција.
Зад музиката и аранжманот и на оваа песна се потпишува постојаниот соработник на Боби , Лазар Цветкоски, а текстот го напиша неговата сестра Магдалена Цветкоска- Ена.
Боби Мојсоски и стана познат на јавноста по неговото учество на овогодишниот Избор за песна на Евровизија со песната „Те краде тој“, која доби и свој видео запис и со која тој настапи и на фестивалот Дискавери Фест во Варна, Бугарија, каде што ја освои наградата за Најдобра вокална интерпретација и го доби третото место за најдобра песна.
Песната можете бесплатно да ја превземете тука.