Поранешниот командант на војската на босанските Срби, генералот Ратко Младич, во понеделникот се изјасни за невин  по сите точки од обвинението.


Заседанието на трибуналот на кој денеска беше сослушан Ратко Младиќ беше директно пренесувано од сите светски водечки телевизиски канали.

Одлуката на судот беше донесена во отсуство на Младиќ, кого претходно го отстранија од судницата, поради нарушување на мирот. Како што изјави холандскиот судија, Алфонс Ори, оваа одлука е донесена поради тоа што Младиќ одбил воопшто да ги коментира обвиненијата против него.

Судијата Ори ги прочита главните точки од обвинението, изјавувајќи по секоја ставка дека судот од името на Младиќ, изјавува дека обвинетиот не се смета себеси за виновен.

Младиќ, кој беше уапсен во Србија на 16-ти мај по 16 години минати во бегство, ги отфрли обвинувањата како „одвратни“ и „монструозни“. Тој побара додатно време за да се запознае со обвинението.

Ако Младиќ се изјасни за виновен за сите 11 ставки во обвинението, нема да се одржи судење и трибуналот ќе го осуди. Ако се изјасни како невин, дури и за една ставка, процесот ќе продолжи.

По 15 години криејќи се од меѓународните правосудни органи, Ратко Младиќ беше уапсен во Србија во селото Лозово, близу Зрењанин, на 26 мај, а на 31 мај беше екстрадиран во Хаг.

Командантот на војската на Република Српска во Босна и Херцеговина (БиХ) за време на конфликтот во периодот 1992-1995 е обвинет од Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства извршени на територијата на поранешна Југославија за злосторства против човештвото, прекршување на законите и обичаите на војувањето во врска со етничкото чистење во Босна и Херцеговина, како и за тероризирањето на цивилите за време на опсадата на главниот град на Босна, Сараево, земање заложници од припадниците на мисијата на Обединетите нации и геноцидот врз муслиманското население од Сребреница во јули 1995 година. Претходно, Младиќ изјави дека не се смета себеси за виновен и не го признава легитимитетот на трибуналот.

“извор Макфакс“
Ohridnews