Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата во Охридското Езеро изнесува 24 степени Целзиусови. Со оглед на најавите дека температурата на воздухот оваа недела значително ќе се зголеми, се очекува пораст и на температурата на Езерото.
Водостојот на Охридското Езеро, пак, бележи пад, што е вообичаено за летниот период. Во моментов тоа се наоѓа на котата 693,49 метри надморска височина, што е пониско од просекот за овој период од годината кој изнесува 693, 67 м.н.в.
Г.М.