Бруто количината дијаманти ископани од рудниците ќе има просечен годишен раст од 3,5 до 4 проценти и ќе достигне рекордни 163 милиони карати, или 32,6 тона во 2019 година. После 2019 ќе дојде до забавен раст на производството од 1,5 до 2 проценти на годишно ниво, достигнувајќи во 2024 година количина од 149 милиони карати, се наведува во годишниот извештај на консултантската киќа Бен и Компани и Светскиот центар за дијаманти. Вредноста на ископаните дијаманти во 2019 ќе изнесува 20 милијарди долари.
Проценката е направена врз основа на се поголемата исцрпеност на постоечките рудници како и ограничениот број нови проекти кои моментално се во припрема. Се очекува дека нови 14 рудници ќе произведат 20 милиони карати до 2024 година. Побарувачката на дијаманти после 2024 година ќе продолжи да расте и тоа со годишно темпо од четири до пет проценти која во најголема мера ќе доаѓа од САД, Кина и Индија. Нерамнотежата помеѓу понудата и побарувачката, која уште сега е дефицитарна, ќе продолжи да се продлабочува. Од 2019 се очекува просечната стапка на побарувачката на годишни ниво да биде за 6 проценти поголема од понудата.