Трендот на благ пораст на бројот на новозаразени од вирусот Ковид 19 продолжува и натаму. Како што информира Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 2107 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи позитивни на коронавирусот, што e 17, 7%. Пријавени се 7 починати лица и 638 оздравени пациенти, 8 од Охрид.

Од починатите седум лица, 2 пациенти се од Скопје (72г и 84г) и по еден смртен случај е регистриран од Тетово (73г), Велес (48г), Охрид (65г), Кичево (65г) и Дебар (80г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден во домашни услови.

Од новозаразените 373, од Скопје се 161, Кавадарци – 34, Охрид – 23, Тетово и Прилеп – по 15, Струга – 14, Куманово – 12, Гевгелија – 11, Гостивар и Делчево – по 9, Велес и Кочани – по 7, Струмица и Неготино – по 6, Битола, Берово, Кичево и Виница – по 5, Штип и Радовиш – по 4, Крушево – 3, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Свети Николе, Богданци, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.882, бројката на оздравени пациенти е 83.424, на починати е 2.900, а бројот на активни случаи изнесува 7.558.

Во Охрид во моментов има 411 активни случаи, а во Струга 192.

OhridNews