– Со поставување на споменик, Охрид ќе му оддаде достојна почит на проповедникот на христијанството на славјанскиот јазик, испосникот кој го изградил манастирот посветен на Светите архангели Гаврил и Михаил, духовниот учител, раководителот на монасите и голем молитвеник, Св. Наум Чудотворец, велат од Маладинскиот Совет.
Претходно и Здружението на граѓани “Христо Узунов“ – Охрид ја поздрави и изрази поддршка на инцијативата за изградба на споменик на Св. Наум Охридски Чудотворец во центарот на Охрид.
– Убедени сме дека на овој начин градот Охрид и Република Македонија достојно ќе му се оддолжат на големиот учител, основополжник на словенската и македонската писменост, големиот црковен деец и просветител Свети Наум Охридски Чудотворец. Се надеваме дека оваа благородна идеја ќе биде реализирана многу брзо, со што градот Охрид ќе ја зголеми својата културна понуда, велат од здружението.