Пазарот на руско крзно во 2018 година ќе достигне 11,6 милијарди рубљи, било наведено во јунскиот извештај на аналитичката агенција Евроминитор. Експертите на агенцијата предвидуваат дека рускиот пазар на крзно од 2013 до 2018 година ќе расте во просек по осум проценти годишно. Побарувачката на раскошно крзно ќе се развива во склад со растот на бројот на богати руси. Тој сегмент на потрошувачи во светот расте за 15 проценти годишно, што доведува и до зголемување на побарувачката за луксузна стока. Прометот на домашни бунди и крзнени производи во 2012 година во Русија бил 7,3 милијарди рубљи, од што четири проценти одело на странскиот, а 96 проценти на домашниот пазар. Притоа руската крзнена индустрија таа година задоволила само една третина од побарувачката на крзно во земјата.

Обемот на целокупниот пазар на крзно во Русија во 2012 година достигнал 20,5 милијарди рубљи, при што 57 проценти од таа вредност оди на увозот на бунди и крзнени производи. Европските аналитичари предвидуваат дека додека во локалното производство не бидат насочени значајни инвестиции, голем дел од крзнените производи, како и досега, ќе пристигнува од странство. Тие сметаат дека Кина и понатаму ќе остане најголем увозник на бунди и крзнени производи во Русија.