Поништувањата на тендерите стигнаа до 33 %, што е највисоко ниво во последните неколку години. Најмногу поради немање понуди или поради неприфатливи понуди. Ова се наведува во Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Секој трет тендер се поништува
  • Во пораст е отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите поради проблеми со документацијата или со понудените предмети на набавка.
  • Контролирани се само 1 % од тендерите во земјава и во секој петти контролиран тендер се пронајдени неправилности.
  • Конкуренцијата кај локалните тендери останува значително пониска отколку кај тендерите на институциите на национално ниво.
  •  Во жалбената постапка се намалува уделот на уважени жалби од фирмите, а расте уделот на одбиени жалби.

   Извор: ЦГК

Од спроведената анкета, како проблем број еден во јавните набавки за 77 % од фирмите е „најниската цена“ како критериум за избор на најповолната понуда.

Продолжува праксата на локалните институции, без исклучок, да ја користат „најниската цена“ како единствен критериум за избор на најповолната понуда, занемарувајќи го квалитетот на тоа што го набавуваат. –  се наведува во истражувањето.

Висок процент од испитаните фирми (60%-), сметаат дека фирмите се договараат на тендерите, 47 % од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки и 47 % од фирмите не се жалат на тендерите поради недоверба во Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Што се однесува до локалните институции, во анализата се наведува дека  тое не ја почитуваат законската обврска да ја образложуваат потребата за секоја јавна набавка. Не постои ниту свесност за потребата, онаму каде што е можно, тендерите да се делат на делови за да можат на нив да учествуваат и помалите фирми.

OhridNews