Со зголемувањето на температурите и топењето на снегот и дождливото време, расте нивото на реките во охридско. Нивото на реката Гршница деновиве забележително е над вообиченото, за „рекичето“ на кое навикнале жителите во местата каде тоа поминува.
Зголемивањето на нивото на Грашница најзабележително е кај мостот на бул. „Туристичка“, каде од неодамна од јужната страна е поставен цевковод за зафаќање на водите од овој, инаку голем загадувач на езерото.
Расте нивото на реките
Пролетните дождови и поинтензивно топење на снегот допрва не очекува, па оттаму граѓаните се загрижени од зголемувањето на водостојот на реката Грашница и бараат надлежните служби да го испитаат евентуалното влијание на ново поставениот цевковод по течението на реката на хидролошката состојба во останатиот нејзин тек.