И покрај ова, надлежните институции уверуваат дека состојбата во охридско-струшкиот регион е стабилна и нема дополнително влошување.
Сатеска носи големи количини вода во езерото
Од надлежните служби известуваат дека нивото на реките Сатеска и Коселска, кои се влеваат во езерото бележат опаѓање, и се очекува стабилизирање на водата во Охридското Езеро. Од Електрани на Македонија се регулира испустот на вода од портите на реката Црн Дрим во Струга, за да не се дозволи излевање долж патот Струга-Дебар, соошти Центраот за уптавување со кризи.
За да се покачи нивото на Охридското Езеро, што има површина од 358 километри квадратни, за еден сантиметар потребни се околу исто толку милиони метри кубни вода, додека со интензитет на испуштање на водата од околу 50 метри кубни во секунда во реката Црн Дрим за нивото на езерото да се намали за еден сантиметар се потребни околу четири дена.