Бројот на жртвите од пожарите што ја зафатија Австралија расте од час во час. Во огнената стихија каква што оваа земја не памети во последните 30 години, до сега животот го загубија 84 луѓе (претходно беше јавено за 76 лица), а се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем.

Во пожарите во Австралија изгореа над 700 домови. Пожарите  го зафатија густо населениот југоисток на земјата, а за нивното ширење придонесуваат и рекордно високите температури (околу 44 степени Целзиусови), какви што не се забележани во последните 100 години, како и силен ветер.  

Во гасењето на пожарите учествуваат илјадници пожарникари, авиони и друга механизација, а владата во Камбера нареди војската да биде во состојба на готовност. Пожар од вакви размери Австралија последен пат ја зафатил во 1983 година кога загинаа 75 луѓе.

ohridnews