Бројот на жртвите од свлечиштата предизвикани од зимската бура во Калифорнија порасна на 17 лица, откако беа пронајдени две нови тела, а уште 13 лица се водат како исчезнати. Свлечиштата уништиле 100 семејни куќи.
Во понеделникот беше издаден налог за евакуација на жителите, откако метеролозите прогнозираа поместување на земјиштето на местата каде досега беснееа најголемите пожари во Калифорнија, минатиот месец.
Првата поголема бура оваа сезона донесе силни ветрови во Калифорнија и бурно невреме, а на некои места беа регистрирани и рекордни дождови.
Метеролозите издадоа предупедување за поплави и прогнозираа дека студениот бран проследен со силни ветрови би можел во Лос Анѓелес да донесе поголема количина на дожд отколку што паѓаше вкупно во изминатите десет месеци.