Според последните информации најламку 156 лица ги загубиле животите, а околу 6.000 се повредени во силниот земјотрес, што вчера ја погоди југозападната кинеска провинција Сечуан.

Земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала, траел повеќе од една минута што е причина за уривање на голем број објекти. По разорниот потрес регистрирани се уште четириесетина помали земјотреси.

Сечуан е сеизмички најактивна област во Кина.

OhridNews