Најмалку 11 лица ги загубија животите при уривање на авион ловец – бомбардер од типот „Hawker Hunter“ кој се урна вчера на аеромитингот „Shoreham Airshow“ во Шорхем, соопшти денеска полицијата на Западен Сасекс. Претходно итната медицинска помош соопшти дека во страотната несреќа има седум жртви, а петнаесет се повредени, меѓу кои и пилотот на воздухопловната компанија “British Airways” кој е во критична состојба.

Авионот се урнал при изведба на опасна точка и зафатил четири возила на блискиот автопат. На аеромитингот присуствувале 20.000 луѓе.

OhridNews