Бројот на загинати во несреќата на аеромитингот во американската сојузна држава Невада се искачи на 9, а се стравува дека тој не е конечен, бидејќи дел од педесетината повредени се во критична состојба.


Авион од типот „P-51 Мустанг“ од времето на Втората светска војна на митингот „Reno Air Races“ се урна пред главната трибина. Меѓу загинатите е и 74-годишниот пилот Џими Ливард.

Се претпоставува дека причина за падот на авионот е механички дефект.

Во речиси петдецениската историја на одржување на аеромитингот во Невада погинале 19 пилоти.

OhridNews