Бројот на туристи во првите пет месеци од годинава е зголемен за 19,1 %, соопшти  Државниот завод за статистика. Во мај годинава бројот на туристи е зголемен за 25,3 отсто во однос на истиот месец лани, а бројот на ноќевањата пораснал за 25,8 проценти.

Бројот на домашните туристи во однос на мај 2007 е зголемен за 29,9 отсто, а на странските за 20,1 процент. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 31,7 отсто, а на странските за 19,1 отсто.

Во периодот јануари-мај 2008 кај домашните туристи забележано е  зголемувањето за 27,6 %, а кај странските 11,5 %. Бројот на ноќевањата е зголемен за 18,3 %, кај домашните туристи за 23,7, а кај странските 13 проценти.

ohridnews