Само во текот на изминатата недела на подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се 9 кражби, едно кривично дело ,,Фалсификување пари“ и четири кривични дела,,Оштетување“. Во најголемиот дел, предмет на кражбите се мобилни телефони оставени од граѓаните необезбедени на плажите или во угостителските објекти. Јавниот ред и мир е нарушен во 5 случаи а евидентирани се 6 сообраќајни незгоди во кои е предизвикана помала материјална штета.
На подрачјето на Полициската станица – Струга, регистрирани се едно кривично дело ,,кражба ,, и едно нарушување на Јавниот ред мир. Во истиот период регистрирани се четири сообраќајни незгоди со преди- звикана материјална штета.
Против сторителите на кривичните дела ке бидат поднесени соодветни пријави, соопшти СВР Охрид.