Новопримените пациенти се во стабилна здравствена состојба, освен еден 25 годишен пациент со бронхопневмонија, кој е во потешка општа состојба и со респираторна слабост. Во општа тешка состојба, но со стабилни витални параметри е 44-годишна пациентка, која пред три дена е хоспитализирана на клиниката.Непроменета е состојбата и на 55 годишната пациентка примена на 18, овој месец, која и понатаму е во изразито тешка состојба, се наоѓа на вештачка вентилација, но со стабилни витални параметри.
Во моментот на Клиниката се хоспитализирани вкупно 83 болни, а на инфективното одделение се лекуваат дваесетина пациенти. Сите добиваат соодветна терапија и освен тројцата пациенти со потешка општа состојба, сите други хоспитализирани се стабилни и нивната здравствена состојба се подобрува, информираат од Министерството за здравство.