Во последните 24 часа во земјата се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19, од кои 9 во Охрид, информира Министерството за здравство.

Најмногу случаи има во Скопје 70, по што следат: Куманово 2, Дебар 6, Штип 14,Прилеп 2, Тетово 25, Струга 4, Велес 2, Битола 1, Охрид 9, Кавадарци 3, Гостивар 11, Струмица 1, Крива Паланка 2, Кочани 3, Свети Николе 4 и Ресен 4.

Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71г) хоспитализиран на 15 јуни и пациентка (83г) хоспитализирана на 23 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти: Скопје 6, Куманово 1, Штип 16, Прилеп 1, Тетово 9, Велес 2, Битола 1, Гостивар 2, Кочани 1, Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284.

OhridNews