Бројот на заболени од рак во државава е во пораст. Годишно се дијагностицираат 7807 нови случаи, а најголем дел од нив имаат рак на белите дробови – 2700. Во Македонија годишно од карцином умираат 4116 лица, изјави  на Светскиот ден на борба против ракот Биба Додева, претседател на Здружението за борба против рак „Борка“.

Светскиот ден на ракот се одбележува секоја година на 4 февруари и е единствена иницијатива која го обединува целиот свет во борбата против глобалната епидемија на карцином.

Секоја година, околу 8 милиони луѓе умираат од рак во светот. Овие смртни случаи можат да се избегнат со зголемена поддршка на државите и финансирање на превенција, откривање и третман програми. Доколку итно не се преземат мерки за подигање на свеста за ракот и развивање на практични стратегии за решавање на болеста, милиони луѓе ќе продолжат да умираат. – предупредува Здружението за борба против рак „Борка“.

OhridNews