Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2019 година Македонија ја посетиле 43 666 туристи, кои оствариле 91 731 ноќевања.

Бројот на туристите во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, е зголемен за 6.0 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2.7 %.

Бројот на домашните туристи во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, е зголемен за 12.8 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 2.3 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, е зголемен за 8.4 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 1.0 %.

Во периодот јануари – февруари 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 7.0 %, а кај странските има намалување за 0.4 %. Во периодот јануари – февруари 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 1.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.2 %, а кај странските има намалување за 5.0 %.

OhridNews