Во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на Ковид 19, од кои 2 во Охрид. Значително е зголемен бројот на случаи во Скопје каде се регистрирани 96 новодијагностицирани.

Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83г), по еден од Прилеп (78г), Тетово (63г) и Битола (59г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 18363, бројката на оздравени пациенти е 15164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2450.

OhridNews