Во текот на изминатото деноноќие во земјава, на 702 лица им се издадени решенија за изолација, а 210 лица потпишале изјави за самоизолација, информира МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека три лица не ја почитувале мерката за изолација, а едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.

Во однос на мерката за задолжително носење заштита на лице, во последните 24 часа регистрирани се 705 прекршоци.

OhridNews