Бројот на активни случаи на ковид во земјава изнесува 8.209, што е раст од над 1.300 случаи за само едно деноноќие. Во последните 24 часа направени се 7.472 тестирања, при што регистрирани се 1.725 нови случаи на КОВИД-19, починале две лица, а оздравени се 332 пациенти.
Како што информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новорегистрираните случаи најмногу има во Скопје 1028, следат Битола – 148, Прилеп – 112 и Охрид – 61.
Досега во земјата се направени вкупно 1.633.936 тестирања на Ковид-19, вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, а на починати е 8.002. Според надлежните, вакцинацијата против Ковид-19 останува единствен излез од пандемијата.
Од Здравствениот дом во Врање соопштија дека заклучно со 5 јануари, годинава, се дадени точно 116.548 дози од сите вакцини против коронавирусот. Од нив, на граѓаните на Северна Македонија 26.689 дози. Од сите четири типа достапни вакцини, убедливо најчесто давана е вакцината на кинески Синофарм – 72.098 дози, следи Фајзер со 35.275 дози, руски Спутник-В 8.243 и Астра Зенека во 932 случаи.
Коронавирусот забрзано се шири и во регионот и низ светот. Во Србија, бројот на нови случаи на дневна основа е над 9.000, а Ковид амбулантите повторно се преполни. Епидемиолозите предупредуваат дека во наредните денови може да се очекуваат голем број нови случаи.
Во Хрватска се регистрирани 9.058 нови случаи на инфекција со коронавирус, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата, а починале 33 лица. Во последните 24 часа биле тестирани 19.975 лица, а речиси половина биле позитивни на коронавирусот.
Лидерите на Светската здравствена организација (СЗО) изјавија дека високо заразниот сој омикрон на коронавирусот создава помалку опасен тек на Ковид-19 од глобално доминантниот делта сој, но не треба да се карактеризира како „благ“, бидејќи негативните рекорди паѓаат низ целиот свет, здравствените системи се поплавени и владите се обидуваат да го „скротат“ вирусот, што досега уби повеќе од 5,8 милиони луѓе.
Техничкиот директор на СЗО, Марија ван Керхове предупреди дека омикрон нема да биде последната варијанта на Ковид-19.
-За жал, омикрон нема да биде последната варијанта, вирусот продолжува да се развива, нагласи Керхове.
Во својот неделен извештај, СЗО соопшти дека бројот на случаи во неделата до 2 јануари скокнал за 71 отсто во споредба со претходната недела, на 9,5 милиони, додека стапката на смртност паднала за 10 отсто на 41.000.
OhridNews