Граѓани, меѓу кои има и претставници на опозиционите партии, го пробија полицискиот кордон пред А1 телевизија и влегоа во студиото на телевизијата од кое се емитува програма во живо посветена на полициската акција, за која се уште нема информации кон кого е насочена.

Дел од опозициските политичари, случувањата пред А1 ги нарекоа вовед во фашизам и удар врз демократијата, а преку тв камерите беше упатен повик до граѓаните да ја одбранат слободата на медиумите.

Состојбата пред А1 телевизија е тензична и вознемирувачка. Вработените велат дека не знаат зошто им е попречена слободата на движење и додаваат дека полицијата не им покажала никаков налог, што најенергично го демантира полицијата.

„Апсолутни лаги и невистини се информациите дека на вработените им е попречено движењето. Не е попречен ниту влез, ниту излез од А1. Ова е чиста манипулација со јавноста. Полицијата асистира при финансиска контрола на фирми кои се регистрирани на адресата каде се наоѓа А1 телевизија“, изјави за „Макфакс“ потрпаролот на МВР, Иво Котевски.

OhridNews