Во октомври 2023 година, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродромa, Меѓународниот Аеродром Скопје и Aеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужи 290.104 патници и 2.252 летови.
Бројот на опслужени патници во октомври ги надмина бројките од 2022 година за 32%, додека бројот на летови во октомври 2023 е за 28% поголем од октомври во 2022 година, информираат од ТАВ Македонија.
Инаку, од 29-ти октомври почна зимскиот распоред на летање на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид кој ќе трае до 31-ви март 2024 година.
За трите квартали од 2023 година, јануари – септември, најчеста дестинација за патување од охридскиот аеродром биле Базел (21,5% удел на пазарот), потоа Виена (21%), Дортмунд (16,4%), Меминген (11,9%), Малме (9,4%), Цирих (9,3%).
OhridNews