Билети за хит претставата на Народниот театар Охрид „Секс лаги љубомора“ на Народниот театар Охрид, за најавените две изведби на 27 и 29 октомври, повеќе нема.
Претставите се распродадени, информира НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
Приказната на големиот мајстор на францускиот театар и на таканаречениот булевар на комедии, Марко Камолети, исполнета со љубовни сплетки и неочекувани пресврти, на оригинален начин ја носи одличната актерска екипа која ја сочинуваат: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ – Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ – Вељаноска и исклучителната Марија Новак која дава посебен шмек на претставата која лудо вози 2 часа и дваесеттина минути, кои минуваат за миг.
Од центарот за култура најавија дека претстојните ќе бидат и последни репризи на претставата „Секс лаги љубомора“ на Народен театар Охрид за оваа година.
Г.М.