Картите за големото финале на 6. „Summer comedy marathon“, што ќе се случи на 13 август на Долни сарај, каде ќе биде изведено шоуто „2Мothers Brothers“ на Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, целосно се распродадени, информираат организаторите.
На шоуто ќе биде изведен нов материјал, ексклузивно подготвен за 10 годишниот јубилеј на „2Мothers Brothers“.
Ветуваме 75 минутна одлична забава, дружење и смеење до солзи. Ние не сме политичари, ние ги исполнуваме нашите ветувања 100%, велат Стаматовски и Тодоровски.
На 13ти август публиката покрај новиот материјал кој што е специјално напишан за јубилејот, ќе има можност да чуе и одбрани делови од шоуата изведени изминатата декада. Заедно со Никола и Стрезо ќе настапат и Никола Јосифоски на клавијатура и Јане Тодороски на контрабас.
Шоуто „2Мothers Brothers“ почнува во 22 часот.
Г.М.