Пред бројна публика и исполнетост до последно место во големата сала на Центар за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи годинешното издание на музичко – сценскиот спектакл “Зимска бајка“. Картите за спектаклот се веќе распродадени информираат организаторите.

Оваа година „Бајката“ ќе не врати во 1990-те години, кои беа исклучителни за светската музика. Бендот на „Зимска Бајка“ составен од извонредни музичари од овие простори годинава е засилен со гудачки квартет, дувачки солисти и хорот „Лихнидос“. Тие ќе изведат дел од големите светски музички хитови од 90-те години на кои, на уникатен начин ќе не потсетат Dj Face и студиото за модерни танци „Бах“.

Шоуто традиционално ќе биде зачинето со креативен хумор за кој се задолжени познатите охридски актери и комичари Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски – алијас „2 Mothers brothers“ и специјалниот гостин, црногорскиот стендап комичар Андрија Дабановиќ кој важи за еден од најдобрите стендап комичари на Балканот во моментов.

Дел од средствата од продадените влезници се наменети за хуманитарни цели што организаторот традиционално ги реализира во соработка со лајонс клубовите од градот.

Настанот ќе се одржи на 21 декември во Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.

OhridNews