Билетите за претставата “На Дното” што ќе се изведува во петок, 13- ти март се распродадени, информираат од Центарот за култура „ Григор Прличев“.
Претставата повторно ќе се игра наредниот петок, на 20- ти март.
Претставата е работена според текст на Максим Горки , а во режија на Кирил Петрески.
Улогите ги толкуваат: Стрезо Стаматовски, Јасмина Билаловиќ, Биљана Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Павел Маслов, Горан Стојаноски.
Сценографијата е на Зоран Николовски, а за костимографијата се погрижи Александар Џинго.
OhridNews