Форумот на современа уметност дошол на идеја да одржува концерти на необични места. Така на памет им паднало и да свират во бордел. Нивната турнеја била спонзорирана од здружението зас култура со 18800 евра и од општината на германскиот град Лајпциг со 13500 евра. Тоа ги разлутило даночните обврзници бидејќи станувало збор за пари од нивните џепови, но форумот објаснил дека сака уметноста да ја приближи и до другите социјални слоеви.


Еден од даночните обврзници смета дека настапите во борделите ја промовираат проституцијата. Објаснува дека проститутките за време на концертите ги бараат своите муштерии и ги водат во погорните катови на борделот додека се одржува концертот. Но сепак картите за концертите се продадени. Поради тоа морале да организираат уште еден концерт.