Охридските ракометари имаат високи цели и амбиции во новата сезона во Супер лигата, а вистински испит за нивните можности ќе биде неповолниот распоред на стартот од шампионатот.


Двата воведни натпревари во Супер лигата со Работнички и Металург 2 ракометарите ги играат на теренот од противникот. Примиерата „гладијаторите“ пред охридската публика ќе ја имаат во третата рунда против составот на Металург.

Во четвртата рунда „сино белите“ ги очекува пресметка со стариот ривал Радовиш додека во петтата силите ќе ги одмерат со битолски Пелистер.

Повратникот во суперлигашкото друштво Борец е противник на охришани во 6-коло додека во седмото ќе се сретнат со Прилеп.

Во последните два натпревари од првата етапа избраниците на Горан Андоновски ќе се борат против скопските екипи на Тинекс Пролет и Вардар 2.

Распоред :

1. коло Работнички (г)

2. коло Металург 2 (г)

3. коло Металург (д)

4. коло Радовиш (г)

5. коло Пелистер (д)

6. коло Борец (г)

7. коло Прилеп (д)

8. коло Тинекс Пролет (г)

9. коло Вардар 2 (д)

 

Мх.П.